23.1 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Ковачевски најавува нова методологија за пресметка на пензиите

НАЈЧИТАНО

Работиме на методологија којашто ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите. Воспоставуваме дијалог со здруженијата на пензионери и сите засегнати страни, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Тој информира дека моментлано се работи на анализи кои треба да бидат презентирани.

– Најавуваме дека работиме и на пакет мерки со финансиска помош за пензионерите за полесно справување со економската и енергетската криза. Ќе биде определена врз основа на анализи – рече Ковачевски.

Во однос на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на пензиите за 20%, Ковачевски истакна дека ваквиот предлог е паушален.

– Само за да покаже дека учествува во овој процес, меѓутоа не се базира на никаква методологија и на никакви анализи. Спротивно на тоа, ние веќе работиме на методологија која што ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите – рече  Ковачевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО