28.9 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Ковачевски: Настанот во Битола е провокација која не оди во насока на подобрување на односите со Бугарија

НАЈЧИТАНО

Премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање истакна дека настанот во Битола може да претставува единствено провокација која што не оди во насока на подобрување на односите и во финализирање на еден успешен дијалог со постигнување на договор кој ќе значи брзо отворање на преговорите за Северна Македонија со ЕУ.

„Во однос на настанат кој се случи во саботата, тој не претставува ништо повеќе од провокација бидејќи ги буди духовите од минатото. Се работи за личност која што била соработник и на Хитлерова Германија и на Мусолинова Италија и на Павелиќ и која со тоа воопшто не може да придонесе како личност што може да биде мост за иднината, за пријателство меѓу двата народи и како мост за европскиот пат на државата“, нагласи Ковачевски.

Претседателот на Владата додаде дека Северна Македонија има јасно дефиниран државен статус и сите граѓани во неа имаат свој јасно дефиниран идентитет кој е определен со јазикот на граѓаните кои живеат во неа и дека тоа е дел од достоинството на секој еден граѓанин во светот вклучително и на нашите македонски граѓани.

„Ние со соседните држави треба да градиме мостови на пријателство, да гледаме кон иднината, а доколку се навратиме на личности од минатото за кои има различно мислење тоа нема да биде во корист на никого и ќе влијае на влошување на односите меѓу граѓаните на двете држави“, рече премиерот Ковачевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО