16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Ковачевски му кажал на Вархеји дека сега е моментот

НАЈЧИТАНО

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од заменикот на претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска во Скопје се сретна со Оливер Вархеји, еврокомесар за проширување и соседска политика на ЕУ.

На состанокот е разговарано за актуелни прашања поврзани со предизвиците од војната во Украина и за европерспективите на регионот.

Заеднички е констатирано дека европските интеграции на Северна Македонија и на регионот се потреба на државите во регионални рамки, но и на самата Европска унија.

Постои согласност дека сега е моментот за деблокада на евроинтеграциите на Македонија, што во спротивно може да остане уште долг период отворено прашање, а тоа не е од полза на ниту една страна.
Премиерот Ковачевски нагласи дека тој останува посветен исклучиво на принципите на почитување на европските вредности и на разговори базирани на респект и достоинство, за што се согласиле со бугарскиот премиер Кирил Петков при воспоставувањето на дијалогот, и дека очекува односи врз таа база.

– Нашата држава ги исполни своите обврски и продолжува да дејствува целосно на линија на политиките на Европската унија, со што уште еднаш покажа дека е достоен партнер на европските држави и заслужува конечно одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ – рече премиерот Ковачевски.

Посветени сме да ги продолжиме напорите за почеток на преговори со Северна Македонија пред завршувањето на француското претседателство со Европската Унија во овие клучни времиња, објави еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји по средбата со премиерот Димитар Ковачевски претпладнево во Владата.

– Ја почнав посетата на Северна Македонија со средба со премиерот Димитар Ковачевски. Северна Македонија е дел од Европа! Немаме време за губење, треба да се забрза процесот! – напиша Вархеји на Твитер.

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО