More

    Ковачевски: Инвестираме во обновливи извори на енергија за успешна енергетска транзиција

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    - Advertisement -

    Владата на Република Северна Македонија спроведува успешна енергетска транзиција која на среден и на долг рок ќе обезбеди сигурност со снабдување на енергенси, одржливост на енергетскиот систем и ќе биде праведна за сите граѓани. Премиерот Димитар Ковачевски, во своето излагање на Економскиот форум во организација на „Finance Think“, зборуваше за текот на реализација на енергетските проекти во Северна Македонија.

    „Секоја криза претставува можност, за таа цел беше изработена Стратегија за транзиција на електро енергетскиот систем. Пред десеттина дена ја пуштивме првата фотоволтаична централа на старите наоѓалишта на јаглен во „Осломеј“, 10 мегавати тоа е државна инвестиција која што е помогната со ЕБОР, тука веќе се планирани и ќе отпочнат со градба уште 2 од по 50 мегавати фотоволтаични централи кои што ќе бидат изработени врз основа на концептот на јавно приватно партнерство со компании од Турција „Фортис“ и од Бугарија „Соларпром“ и уште една 10 мегавати која што ќе биде во сопственост на ЕСМ, практично со што ќе се замени 120 мегавати работата на „Осломеј“ од јаглен со 120 мегавати моќност на фотоволтаични централи од обновливи извори на енергија и тоа е прв пример во Југоисточна Европа“, изјави премиерот Ковачевски.

    Премиерот Ковачевски додаде дека, во втора фаза е проектот Чебрен, еден монументален историски проект којшто го воделе веројатно сите Влади, кој за прв пат се наоѓа во втора фаза. Како што кажа Ковачевски веќе има девет понудувачи кои што деновиве се на теренско разгледување на просторот каде што тоа треба да се прави, за рамноправно да учествуваат на тој тендер. Премиерот подвлече дека очекува втората фаза да успее и да имаме избрано изведувач.

    Основа на македонската енергетска транзиција која ја спроведува Владата е ефикасното искористување на расположливите природни ресурси, како што се сонцето, ветерот и водата. Северна Македонија ќе ги следи добрите практики на политиките на Европската Унија како сериозен партнер во реализацијата на Европскиот зелен договор, активности кои се однесуваат на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност како и декарбонизацијата, а во насока на зачувување на животната средина и подигнување на квалитетот на животот на граѓаните.

    Визијата на Владата во следниот период е развој на сигурен, ефикасен, еколошки и конкурентен енергетски систем што е способен да го поддржи одржливиот економски раст на земјата.

    Линк до видео од премиерот Ковачевски: Инвестираме во обновливи извори на енергија за успешна енергетска транзиција

    - Advertisement -spot_img
    - Advertisement -spot_img
    - Advertisement -spot_img

    Десетгодишно девојче денеска е спасено од под урнатини, 39 часа откако силни земјотреси ја погодија јужна Турција

    Десетгодишно девојче денеска е спасено од под урнатини, 39 часа откако силни земјотреси ја погодија јужна Турција, јави агенцијата Анадолија. Девојчето од сириско потекло било спасено од...

    Бројот на загинатите расте, борбата по преживеани не запира

    Бројот на загинати во земјотресот во Турција и Сирија вчера надмина 6.200 луѓе и се очекува да продолжи да расте, додека пристигнуваат спасувачки тимови и меѓународна...

    Прашања и одговори за крипто-средствата

    Прашања и одговори за крипто-средствата Што се крипто-средства? Како изгледаат крипто-средствата? Кои се разликите меѓу крипто-средствата и суверените валути (пари)? Дали централните банки издаваат дигитални валути? Каква е улогата...

    Moda

    Екстравагантни изгледи на познатите од црвениот тепих на Греми наградите

    Црвениот тепих на синоќешното 65. Греми награди секако не разочара. Најголемите музички имиња секогаш присуствуваат на најзвучната музичка вечер, а ни овогодинешната награда не...

    Неочекуван тренд на хеланки оваа зима кои можете да ги носите во секое време и секаде

    Да, хеланките со винил и кожен ефект се враќаат! На полето на хеланки, минатата година видовме (речиси) сè: особено хеланките со селотејп кај нозете повторно...

    Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

    Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...
    spot_img
    spot_img
    spot_img