5.9 C
Ohrid
Thursday, February 2, 2023

Ковачевски им плесна „лично мислење“ на Телма и Алфа

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Во државата има медиум чијашто уредувачка политика повеќе наликува на компанија која што тргува со енергенси, а има и медиум чијашто уредувачка политика повеќе личи на уредувачка политика на партиски сектор за комуникација – рече премиерот Димитар Ковачевски како „лично мислење“ за тоа како одредени медиуми за однесуваат, на прашање да ги коментира изјавите на Али Ахмети за тоа дека Телма и Алфа се непријателски медиуми на ДУИ.

Коментирајќи ја синоќешната изјава на Ахмети во која тој изрази незадоволство од медиумското известување на две телевизии во врска со случувањата во неговата партија, Ковачевски рече дека таквата изјава веројатно е дадена врз основа на одредени факти и упати објаснување за тоа да се побара од лидерот на ДУИ.

– Транспарентноста во државата е унапредена во последнава година и никогаш не се случило кој било уредник или новинар да добие повик од Владата за да се влијание врз уредувачката политика на медиумите – рече Ковачевски.

Тој додаде нема да дозволи враќање на некои минати времиња и дека денес медиумите можат слободно да ја одредуваат својата уредувачка политика така како што сметаат, дека постојат институции во државата што го регулираат работењето на медиумите и тие се независни од Владата.

Изјавите на Ковачевски ги коментираше ВМРО-ДПМНЕ во соопштение во кое обвини дека „Ковачевски доби насока директно од Али Ахмети да води војна со медиумите, кои што ја кажуваат вистината за состојбата во државата.“

Автократот Димитар Ковачевски етикетира медиуми исто како и неговиот шеф Али Ахмети кои ги жигосува медиумите. Ова е само уште еден доказ дека оваа влада на СДС и ДУИ е најнеспособната и најкриминалната влада. Димитар Ковачевски и Али Ахмети својата неспособност ја супституираат во автократија. Ваквото однесување од страна на автократот Ковачевски и неговиот шеф е срамно и недолично. Ги повикуваме сите релевантни медиумски организации веднаш да реагираат за ваквото етикетирање на медиуми во државата.

Ги осудуваме константните напади врз медиумите од страна на носителите на власта и бараме веднаш да престане притисокот врз медиумите и медиумските работници и тие независно и транспарентно да ја вршат својата работа“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно на изјавите на Ахмети реагираа новинарските здруженија, како и партијата

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Кина: Палењето на Куранот ја покажува лицемерието на некои западни политичари

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг рече дека чинот на палење на светата книга Куран во Шведска и во други земји...

Десет намирници кои ќе го одржат вашето срце здраво

Ако сакате да се борите со срцеви заболувања, има многу намирници што можете да ги вклучите во вашата исхрана за да го направите тоа....

Го прашавме докторот: Како да го намалиме ризикот од мозочен удар

„Мозочниот удар се случува кога ќе се прекине снабдувањето со крв во мозокот, а мозочните клетки се влошуваат, односно умираат. Оштетувањето на мозочните клетки...
spot_img
spot_img
spot_img