Ковачевски: Земјава ќе го причека исходот од судската постапка во Грција што се води во однос на Центарот за македонски јазик

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Премиерот Димитар Ковачевски денеска рече дека земјава ќе го причека исходот од судската постапка во Грција што се води во однос на Центарот за македонски јазик. Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, пак, истакна дека за тоа не сака да зборува предвреме, но се надева, како што напомена, дека „нема да се случи она што се бара”.

Со Грција, напомена Ковачевски, имаме Договор до кој се придржуваат двете страни.

– Во Грција се отвори Центар за македонски јазик но, има одредена судска постапка. Ние не можеме да коментираме судски постапки во друга држава, исто како што други држави не може да коментираат судски постапки кај нас. На крај, ќе мораме да го почекаме тој резултат, но во секој случај ние остануваме на тоа дека македонскиот јазик е секаде македонски, без исклучок – потенцира Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”.

Премиерот уште еднаш нагласи дека во сите свои разговори надвор, со сите државници во светот и на мултилатералните состаноци во ЕУ, зборува исклучиво на македонски јазик.

– Нашиот македонски јазик е комплетно признаен во ЕУ и во ОН. Во Брисел и Њујорк воопшто не го користам англискиот, зборувам исклучиво на македонски јазик. Тоа сметам дека е голема придобивка, да го користите сопствениот јазик и за тоа да биде обезбеден преведувач – рече Ковачевски.

Министерката Костадиновска-Стојчевска на форумот во Давос разговарала со државната секретарка во грчкото Министерство за култура.

– При неодамнешната средба во рамки на форумот во Давос, разговаравме за многу работи, начелно за културната соработка. Се договоривме дека ќе учествуваме на одбележувањето на европската културна престолнина Елевсина, еден од трите градови кои годинава ќе бидат европски престолнини на културата, како и за обновување и продолжување на Договорот за соработка во рамки на културата. Во однос на вашето прашање, не би сакала да зборувам предвреме, но се надевам дека нема да се случи она што се бара – подвлече министерката.

Фото: МИА

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Гори меѓу Миладиновци и ОКТА

Центарот за управување со кризи информира дека вечерва во 19:05 часот на бројот 112 бил пријавен пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинирија ОКТА во...

Ковачевски: Очекувам Бугарија да ги пронајде вандалите

Премиерот Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград. Тој преку својот Фејсбук профил, порача...

ВМРО-ДПМНЕ го осуди демолирањето на македонскиот клуб

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград.„Вандализмот не е добрососедство и не може да биде. Негирањето на Македонија, но и на...

Moda

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...

Како да купите нова облека, така што всушност ќе ја носите и нема да седи само во плакарот

Словенците никогаш не носат речиси третина од облеката што ја купуваме. Проверивме како да купиме нова облека, така што всушност ќе ја носиме и...

Уште една ќерка на познати родители е нова ѕвезда на модното небо

Изгледа како вчера – целата светска јавност зборуваше за необичниот избор на името на Гвинет Палтроу и Крис Мартин за нивното новороденче, Епл. Но, тоа...
spot_img
spot_img
spot_img