2.9 C
Ohrid
Tuesday, January 31, 2023

Ковачевски во Охрид се сретна добитникот на Нобеловата награда за економија, професор на Универзитетот Њујорк, Пол Кругман

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, денеска во Охрид се сретна добитникот на Нобеловата награда за економија, професор на Универзитетот Њујорк, Пол Кругман, кој е во неколкудневна посета на нашата земја и кој утре ќе биде говорник и ќе учествува на вториот Скопски економски и финансиски форум.

За време на посетата на Охрид, премиерот Ковачевски, заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими, имаа заедничка обиколка на дел од најзначајните културно-историски локации во Охрид.
Посетата на најзначајните споменични знаменитости во древниот Охрид започна кај Горна порта и Самоиловата тврдина, по што премиерот Ковачевски, министерот Бесими и нобеловецот Кругман ја посетија ранохристијанската базилика во близина на античкиот театар, по што следеше запознавањето со најважните карактеристики на црквата Св. Софија и запознавањето со старата градска архитектура во куќата на Робевци.

Обиколката во Охрид заврши со посетата на болничките цркви Св. Богодорица и Св. Никоја кај Долна Порта.

Премиерот Ковачевски, министерот за финансии Бесими и професорот и добитник на Нобеловата награда за економија, потоа се задржаа на работен ручек на кој разговараа за темите на Скопскиот економски и финансиски форум, кој оваа година е посветен на темата „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Ја избодела двојничката за да ја лажира сопствената смрт

Девојка пронајдена во локви крв во паркиран Мерцедес во Инголштад, Јужна Германија го отвори еден од најчудните случаи во земјата. На полицијата ѝ требало...

Столтенберг повика на поцврсти врски со Јапонија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска повика на поцврсти врски со Јапонија, бидејќи руската војна против Украина ги зголемува глобалните опасности и покажува...

Жителите на Лихтенштајн против затворање на казината

Минатата недела привлече внимание веста дека 40.000 жители на малото Кнежевство Лихтенштајн на 29 јануари ќе одлучуваат на референдум за иницијативата за затворање на...
spot_img
spot_img
spot_img