16.1 C
Ohrid
Saturday, August 13, 2022

Ковачевски вети дека големите бизниси ќе ги добијат произведените вишоци

НАЈЧИТАНО

Приоритет на ЕСМ е да обезбеди електрична енергија за граѓаните, но и за преземените обврски за покривање на загубите во мрежа на МЕПСО и ЕВН Електродстрибуција, за која цел ЕСМ го зголеми производниот план за 2022 година за 20 отсто, убедува генералниот директор Васко Ковачевски.

Тој  најави дека во текот на зимата доколку има вишоци на  произведена струја таа ќе биде испорачана до компаниитеголеми потрошувачи на струја преку повластен пакет кои се во тешка состојба со оглед на тоа што се очекува електричната енергија да достигне уште повисоки цени од моменталните како што вчера беше побарано  на состанокот во Стопанската комора..

Ковачевски инофрмира дека АД ЕСМ веќе ги набавува потребните енергенси и го зголемува сопствениот ископ на јаглен, со цел да го максимизира производството, така што секоја количина над таа што е потребна за граѓаните, ќе има можност преку одреден модел да биде понудена на домашното стопанство.

АД ЕСМ обезбедува 100% од енергијата која ЕВН Хоум ја испорачува до домаќинствата и малите потрошувачи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО