9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Ковачевски вели трудот на секој работник мора да биде вреднуван

НАЈЧИТАНО

Премиерот Димитар Ковачевски во Дневникот на ТВ Сител на прашањето за барањето на опозицијата и синдикатите за усогласување на останатите плати, како и минималната плата, оцени дека неодговорно е да се блокира држава во време на криза, додавајќи дека пристапот за решавање на ова прашање е ист како и за минималната плата, низ остварен отворен дијалог со претставниците на сите синдикати.

– Низ тој процес дојдовме до решение минималната плата да се зголеми на 18.000 денари. Сметам дека тоа е достоинствено во однос на граѓаните затоа што секој работник заслужува да биде вреднуван, јас сметам дека и тие 18.000 денари не се доволно но сепак ако ја погледнеме оваа Влада и нејзината политика, минималната плата кога СДСМ ја презеде Владата беше 9.000 денари, некои индустрии и под 9.000 денари – сега имаме зголемување за 100% на минималната плата – истакна Ковачевски.

Тој го цени решението за зголемување на минималната плата на 18.000 како најдобар доказ за економската политика која ја води оваа Влада, чија цел е зголемување на животниот стандард на граѓаните и избегнување на трошење на средства во непродуктивни расходи, од кои никој нема никаков бенефит.

Подвлекувајќи дека со предложеното решение за минималната плата, во јавниот сектор 17.000 вработени ќе добијат зголемување на минималната плата на ново ниво од 18.000 денари, премиерот Ковачевски потсети дека во изминатите години оваа Влада ги покачи платите на голем број сектори во државата.

– Секое зголемување на платите треба да биде пропратено со зголемување на продуктивноста, со ефикасноста, а треба да бидеме свесни дека во јавната администрација е отпочнат процес на реформи, кои треба да ја зголемат ефикасноста на самиот јавен сектор, што ќе доведе нормално и до одредена корекција на платите која што повторувам, во минатиот период е правена во многу сектори – рече Ковачевски за Сител посочувајќи дека Владата ќе направи сѐ, достоинството на сите вработени во јавниот сектор да биде на ниво, кое што тие го заслужуваат.

Ковачевски посочи дека по примерот на инклузивноста на моделот за раст на минималната плата започнале и консултации и анализи за раст на пензиите кое со постоечкото редовно усогласување се прави два пати годишно.

– Со пакетот за финансиска поддршка за справување со енергетската криза за пензионерите ќе го заштитиме и подигнеме стандардот на овие наши сограѓани. Со оглед на тоа што се наоѓаме во енергетска криза која најмногу ги погодува најранливите групи, веќе работиме и на анализа за дополнителна финансиска помош на пензионерите. Оваа финансиска поддршка, за оние кои се најранливи, кои имаат најниски пензии, да биде поголема. Сакаме да обезбедиме одржлив раст на пензиите за да го заштитиме животниот стандард на пензионерите – додаде Ковачевски.

Новата методологијата за усогласување на пензиите, нагласи Ковачевски, ќе биде соопштена штом завршат консултациите со сите инволвирани страни и асоцијациите на пензионерите, а законот којшто го поднесе опозицијата, го оцени како популизам и паушално решение кое не се базира на реални анализи.

– Она што може да го кажам во моментов е дека ќе се работи на анализи и на нова методологија на усогласување на пензиите така како што има одредени предлози на асоцијациите на пензионери. И дополнително со оглед на тоа што се наоаѓаме во енергетска криза која што најмногу ги погодува најранливите, ние веќе работиме и на анализа на дополнителна финансиска помош на пензионерите во време на криза, кое што ниво на поддршка, финансиско нормално, низ анализата треба да даде износ, за оние кои се најранливи, кои имаат најниски пензии ќе биде поголем и како што се зголемува нивото на пензиите така ќе биде нивелиран на пониско ниво за да можеме да го заштитиме животниот стандарт на пензионерите – изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто на телевизија Сител.

– Во согласност со тоа ние веќе имаме мерки кои се однесуваат на финансиска поддршка за месечно покривање, односно субвенција на граѓаните од најранливите категории за покривање на трошоците за живот и особено за покривање на трошоците за електрична енергија, а исто така и за оние граѓани кои се од другите ранливи категории веќе имаме пакети за поддршка за нив за 1.000 денари месечно, за 35.000 семејства месечно за покривање на трошоците за електрична енергија – посочи Ковачевски

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО