2.9 C
Ohrid
Tuesday, January 31, 2023

Ковачевски вели дека датумот не зависи од Владата

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Премиерот Димитар Ковачевски денеска истакна дека во ниту еден момент не се врзал за одреден датум за преговори, оти почетокот на преговорите со ЕУ не зависи од Владата, туку од решавањето на отворениот спор со Бугарија и одлуката на 27-те членки на ЕУ.

– Уште во експозето за формирање на оваа Влада, јас ниту во еден момент не се врзував за датум за почеток на преговорите, бидејќи тој датум не зависи од нас, туку од две страни, оти имаме отворен спор со Република Бугарија, која стави вето на почеток на преговори. И нормално, зависи од одлуката на ЕУ, односно од сите 27 членки. Така што, функционирањето и работата на една Влада, не може да се врзува со еден датум, којшто е како некоја отсечка во текот годината – потенцира Ковачевски.

Тој рече дека предолго време сме биле заложници на датуми, кои не зависеле од нас.

– Ако ги погледнете извештаите за Република Северна Македонија, ќе видите дека имаме четири последователни позитивни извештаи. Доколку го погледнете усогласувањето на нашето законодавство со европското, како и усогласеноста по различните поглавја, многу јасно се забележува дека земји кои преговараат и по 10 години, имаат помала усогласеност од нашата држава – рече Ковачевски.

Премиерот нагласи дека нема информација за коалициски совет на бугарската владина коалиција што вечерва се одржува во Софија и на кој, според најавите, главна тема ќе бидат односите со земјава, повторувајќи дека засега нема договор со Бугарија.

– Како што информиравме со бугарскиот премер Петков по состанокот во Рим, сè уште нема документ прифатлив за двете страни, кој може да биде основа за отпочнување на преговорите со ЕУ, односно на кревање на ветото од страна на Бугарија – рече Ковачевски.

Тој потенцира дека Владата е стабилна и има 64 пратеници и работи на реализација на владината програма, во делот на справување со енергетската криза, подобрување на животниот стандард на сите граѓани, како и реализација на големи инфраструктурни проекти.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Внукот на Мајкл Џексон ќе го глуми пејачот во биографски филм

Починатиот поп пејач Мајкл Џексон ќе го толкува неговиот 26-годишен внук Џафар Џексон во биографскиот филм „Мајкл“, објави Лајонсгејт. Филмот ќе ги вклучи сите аспекти...

HZZO додаде нов лек за лекување на деца на основната листа

Хрватскиот завод за здравствено осигурување (ХЗЗО) ќе продолжи да финансира лекари без специјализација и стажирање за здравствени работници, но на списокот на лекови се...

Петте најдобри земји за добивање двојно државјанство

Како што се менува светот, така се менуваат и опциите за добивање второ државјанство. Travel Daily News ги наведува петте најдобри земји за второ државјанство...
spot_img
spot_img
spot_img