13.3 C
Ohrid
Monday, October 3, 2022

Ковачевски вели ако има зголемување на струјата, тоа ќе биде најмало во регионот

НАЈЧИТАНО

Ние сме една од ретките држави во Југоисточна Европа која нема ниту еден ден рестрикција, намалено производство или проблем со снабдувањето, а и поскапувањето на струјата е најмало во регионот, рече вечерва генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Тешко е, рече Ковачевски, да се менаџира ситуацијата во криза која дополнително е обременета и со руско-украинскиот конфликт, но ЕСМ со поддршка на Владата засега успева во тоа.

– Јас очекувам, со вакво производство, зголемено, сигурно и стабилно, како и со намалено купување електрична енергија, дека цената повторно ќе биде најмалку со зголемување не во државата, него во регионот – потенцира Ковачевски, одговарајќи на прашањето дали граѓаните можат да очекуваат поскапување на струјата.

Во ноември и декември, кога беа клучните удари од кризата, биле набавени 108.000 мегаватчасови електрична енергија за 29.579.000 евра, а во јануари и февруари 18.240 мегават часови за 4,851 милиони евра. Овие средства, како што истакна Ковачевски, се исплатени со финансиската поддршка од Владата.

– Со капацитетите во моментов не е возможно да се произведат 5.000 гигават часови. Кога имате енергетска стратегија и одите кон обновливи извори, а притоа изодите половина пат и треба да се враќате назад, повторно кон јаглен, е многу тешко. Ако со поддршка на Владата не ги ставевме во функција ТЕЦ Неготино и ТЕ-ТО, немаше да заштедиме 37 милиони евра во државната каса – истакна Ковачевски.

Според него, дополнителна причина за зголемување на цената на берзите беше и лошата хидрологија која е ниска во цела Европа, но и ветровите кои даваат помалку енергија.

– Планот за производство во 2022 година е 20 отсто поголем од 2021 и засега, во првите три месеци, добро го исполнуваме. Притоа, не ги оставаме на страна и инвестициите. Во тек се 12 проекти, а кога дојдов на позицијата директор ЕСМ имаше нула проекти. Овие инвестиции што ги реализираме и што се во план, треба да ја подобрат енергетската состојба и тогаш можеме да зборуваме за реални цени на електричната енергија – напомена Ковачевски.

На прашањето за финансиската поддршка што и беше дадена на ЕСМ, директорот одговори дека тие 233 милиони денари биле позајмица за стабилизирање на финансиската ликвидност. Расположливите, пак, 174 милиони евра, се наменети, рече, за дополнителните шест продукти за кои компанијата е задолжена од Владата.

Во 2020 година ЕСМ забележала 17 милиони евра загуба, а лани 28 милиони евра, но тие, потенцира Ковачевски, не се поради лошо менаџирање.

– Во тие загуби ЕСМ не учествува поради своето производство, туку поради пониската цена кон ЕВН Хоум, ЕЛЕМ и МЕПСО. Тие се загуби кои потоа Владата ги покрива зашто се настанати согласно нејзини одлуки, а не поради наше лошо менаџирање – објасни Ковачевски.

Во однос на тоа дали ЕСМ повторно ќе побара зголемена цена на струја, Ковачевски вели дека универзалниот снабдување ЕВН Хоум добива два пати годишно пресметки и понуда од ЕСМ.

– Согласно законот Владата ја одредува цената на струја. Ние се обраќаме до Владата. Од 1 јануари до 30 јуни има една цена и од 1 јули до 31 декември има друга цена. За овој период дадовме и пресметки и цена. Сега правиме понатамошни пресметки. Со вакво производство, и зголемено и стабилно и со намалено купување, јас очекувам цената да биде со најмало зголемување не во државата, туку и во регионот – рече Ковачевски на прашањето дали се очекува повторно зголемување на струјата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО