27.9 C
Ohrid
Tuesday, August 16, 2022

Клуни откри интересен детаљ од својот живот, а кој се однесува на изгледот

НАЈЧИТАНО

Џорџ Клуни (61) важи за една од најголемите холивудски ѕвезди и заводници. Иако долго важеше за најпосакуваниот ерген во Холивуд, славниот актер се смири покрај адвокатката Амал Клуни.

Изгледот на Џорџ Клуни во седмата деценија ги воодушевува жените ширум светот и многумина се прашуваат како успева да изгледа толку добро.

Клуни во една емисија открил интересен детаљ од својот живот, а кој се однесува на изгледот.

Имено, Џорџ открил дека 25 години не посетува фризерски салони, туку дека исклучиво се потстрижува сам со помош на машинка што ја купил пред повеќе од 20 години.

„Сам се потстрижувам веќе 25 годни. Мојата коса е многу густа и толку лесна е за стрижење, не можам многу да згрешам“, рекол Клуни, оставајќи ја водителката шокирана, а потоа додал:

„Пред многу години купив нешто што се вика „Flowbee“. Сè уште го имам. За фризурата ми требаат буквално две минути“, рекол актерот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО