2.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Кличко контра забелешките на Зеленски за ситуацијата со енергенси во Киев

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека нема намера да се расправа, како одговор на критиките упатени од претседателот на државата, Володимир Зеленски, дека не е направено доволно за да се олесни ситуацијата за граѓаните на престолнината кои се соочуваат со недостиг од греење и струја.

„Воспоставени се 430 затоплени центри, како поддршка на населението во справувањето со последиците од руските напади врз електроцентралите” изјави Кличко, кој најави отворање уште стотина такви центри во случај на естремна нужност.

Претседателот Володимир Зеленски минатата недела рече дека добивал „особено многу поплаки од Киев” за ситуацијата со снабдувањето со енергенси, на што Кличко одговори преку Телеграм дека не сака да се вмеша во политички битки, „особено не во сегашната ситуација”.

-Тоа е бесмислено. Морам да работам во градот. Денес, кога треба да бидеме обединети и да работиме заедно, се игра некаква политичка игра – рече тој.

Минатата недела Зеленски поттикна отворање „центри на непобедливост” ширум Украина, загреани засолништа за населението, во кои луѓето ќе имаат пристап до вода, интернет, мобилни врски и бесплатни лекарства, 24 часа на ден.

Русија врши напади врз украинските енергетски капацитети, по серијата порази на фронтот и повлекувањето од Херсон, единствениот голем град што го освои од почетокот на инвазијата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Пациентите со цистична фиброза ќе протестираат пред Владата

Асоцијацијата за цистична фиброза на 4 февруари (сабота) пред Влада со почеток во 12:00 часот ќе одржи протест. – Борбата продолжува со надеж дека ќе...

Шојгу најави реформа со нови 350.000 војници

Реформа со која Русија треба до 2026 година да регрутира нови 350.000 војници најави Кремљ, а рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја оправда...

Руски „Искандер“ ги уништи сите, но светилиштето остана недопрено!

На социјалните мрежи се појави видео на кое наводно се гледа уништување на украински борбени возила и опрема во близина на Изјум. Наводно, Украинците паркирале...
spot_img
spot_img
spot_img