5.9 C
Ohrid
Thursday, February 2, 2023

Кинеската економија во 2022 година порасна за 3 отсто, што е далеку под целите на владата

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Кинеската економија во 2022 година порасна за 3 отсто, што е далеку под целите на владата, покажуваат податоците на кинеското Национално биро за статистика.

Овие резултати се проценуваат како најлоши во последните 50 години.

Аналитичарите велат дека добра вест е тоа што во последниот квартал лани кинеската економија забележа раст од 2,9 отсто надминувајќи ги очекувањата на пазарот. Претходните анкети укажуваа дека за овој период кинеската економија ќе порасне само за 1,8 отсто.

– Кинеската економија веројатно го достигна дното во декември. За многу градови во Кина, врвот на првиот бран на епидемии на ковид веројатно веќе помина. Показателите за висока фреквенција, како што е индексот на сообраќаен метеж, драстично пораснаа во јануари – изјави Џивеи Џанг, претседател и главен економист во Pinpoint Asset Management.

Кинеската државна статистика исто така информира дека популацијата на Кина се намалила. Земјата имаше 1,4118 милијарди луѓе во 2022 година, во споредба со 1,4126 милијарди во 2021 година. Аналитичарите велат дека тоа е прв пад од 1961 година.

– Населението веројатно ќе се намали и во наредните години. Ова е многу важно, со импликации за потенцијалниот раст и на домашната побарувачка – оценува Џанг.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Со остра реакција го предупреди западот, нивниот потег нема да остане без одговор

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека обидот на Западот да го конфискува рускиот имот нема да остане без...

Косово постави шест услови за формирање на ЗСО

Премиерот на Приштина, Албин Курти, денеска на седницата на Собранието во Приштина презентираше шест услови за формирање на Заедницата на српски општини (ЗСО), пренесува...

Градовите низ континентот парализирани од штрајкови, милиони луѓе на улица, доста им е од сѐ!

Низ Франција, повеќе од милион луѓе се собраа на „јавен протест“, додека во Белгија над 18.000 луѓе излегоа на улиците, а протести најавија и...
spot_img
spot_img
spot_img