24.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Кина ја исцрта црвената линија

НАЈЧИТАНО

Кина нема да се двоуми да почне војна доколку Тајван прогласи независност, изјави денеска во Пекинг портпаролот на Министерството за одбрана по средбата меѓу министерот за одбрана и неговиот американски колега во Сингапур.

– Ако некој се осмели да го одвои Тајван од Кина, кинеската војска нема да се двоуми ниту за момент да започне војна, без разлика колкава е цената – рече Ву Џијан, пренесувајќи ја изјавата на министерот за одбрана Веи Фенге за време на состанокот со американскиот колега Лојд Остин.

Како што пренесува Бета, двајцата министри се спречкаа денеска во Сингапур: Пекинг вети дека ќе го „скрши“ секој обид на Тајван за независност, а Вашингтон ја повика Кина да престане со дестабилизација на островот со самоуправа.

На состанок во Сингапур за време на безбедносен форум, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин му рекол на својот кинески колега Веи Фенге дека Пекинг треба да „се воздржи“ од каква било нова дестабилизирачка акција против Тајван, соопшти Пентагон.

Според кинеското Министерство за одбрана, Пекинг ќе го „скрши на илјада парчиња“ секој план за прогласување независност на Тајван.

Кинескиот министер му се пожалил на американскиот колега во Сингапур за американската продажба на најновиот пакет оружје на Тајван и предупредил на можен конфликт околу тој остров со сопствената самоуправа, кој Кина ја смета за своја територија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО