13.3 C
Ohrid
Monday, October 3, 2022

Кина лансираше 11 балистички ракети во водите на Тајван

НАЈЧИТАНО

Министерството за одбрана на Тајван тврди дека Кина денеска лансирала 11 балистички ракети „Донгфенг“ во водите во близина на северниот, јужниот и источниот брег на островот.

Министерството за надворешни работи на Тајван, пак, ја обвини Кина дека ја имитира Северна Кореја со истрелување проектили во водите во близина на островот и повика на воздржаност, во време на зголемени тензии во Тајванскиот теснец по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси. Пелоси престојуваше во кратка ненајавена посета на Тајван, што наиде на остра осуда од Кина и доведе до зголемени тензии во Тајванскиот теснец.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се наведува дека Кина ја загрозува безбедноста на Тајван и ги повика земјите да го поддржат островот и, како што наведе, „заедно да ги бранат слободата и демократијата“. Претходно, тајванското Министерство за одбрана соопшти дека кинеската војска денеска истрелала проектили од островот Мацу.

Источната команда на Народноослободителната армија на Кина објави дека истрелала неколку конвенционални проектили во водите на источниот брег на Тајван, како дел од планираните воени вежби.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО