2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Кина има најголем број случаи на Ковид-19 во последните две години!

НАЈЧИТАНО

Кина во саботата пријави најголем дневен број случаи на Ковид-19 од избувнувањето на епидемијата во Вухан пред две години.Националната здравствена комисија пријави 1.524 случаи, вклучително и 1.084 асимптоматски случаи. Заклучување беше воведено во североисточниот град Чангчун во петокот, откако таму беа откриени стотици случаи. Според строгите правила, само едно лице по домаќинство може да излегува од дома секој втор ден за да пазарува.Сите девет милиони жители на градот ќе бидат тестирани за вирусот.

По избувнувањето на епидемијата во Вухан на почетокот на 2020 година, Кина усвои политика на нулта толеранција за ковид-19 и властите брзо презедоа строги мерки за да спречат ширење на вирусот.

Во текот на изминатите две години, епидемијата беше изгаснат со масовно тестирање и затворање на градовите.

Меѓутоа, бидејќи варијантата омикрон за прв пат беше откриена во Кина во јануари, здравствените експерти велат дека поради овој многу заразен вид, пристапот на Кина во борбата против КОВИД ќе биде тестиран до крај.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО