17.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Киев намерно ги цели нафтените платформи на Крим, има повредени

НАЈЧИТАНО

Руските власти денеска ги обвинија украинските сили дека целат кон морските платформи за дупчење во близина на Крим, велејќи дека три лица се ранети, а спасувачките операции се во тек.

– Утрово непријателот ги нападна платформите за дупчење на Черноморнефтегас. Во контакт сум со нашите колеги во Министерството за одбрана и (специјалната служба) ФСБ, се обидуваме да спасиме луѓе – се огласи преку Телеграм Сергеј Аксинов, гувернер назначен од Москва по анексијата на Крим во 2014 година.

Тој рече дека петмина од 12-те лица се спасени, а тројца се ранети, а потрагата по останатите продолжува со учество на патролни чамци и воздушни средства.

Тој не прецизираше кои инсталации се погодени, но компанијата Черноморнефтегас експлоатира неколку полиња со гас и нафта во Црното и Азовското Море во близина на Крим.

Ова е прв пријавен напад на офшор енергетската инфраструктура на Крим од почетокот на руската офанзива врз Украина на крајот на февруари.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО