2.1 C
Ohrid
Monday, November 28, 2022

Кејт Мидлтон блеска како модерна принцеза

НАЈЧИТАНО

Британската миленичка во оваа прилика одиграла на проверена карта во креацијата на омилената дизајнерка Џени Пекам, а ја комбинирала со главниот украс за ваквите пригоди – дијадемата „The Cambridge Love Knot“.

Принцезата, 40-годишната Кејт Мидлтон, е долгогодишна обожавателка на креациите на дизајнерката Џени Пекам и ги носела многупати. Елегантниот бел фустан прекрасно ја истакнал нејзината фигура, правејќи ја да изгледа како вистинска модерна принцеза.

 

„Lover’s Knot“ (Љубовниот јазол), дијадема нанижана со дијаманти и бисери, некогаш ѝ припаѓала на мајката на нејзиниот сопруг Вилијам, легендарната принцеза Леди Ди (тоа бил подарок од кралицата Елизабета Втора за покојната принцеза).

Импресивната дијадема е направена во 1914 година од кралски накит, а принцезата Дијана ја ставала на глава во посебни прилики. Кејт сега носела и обетки кои некогаш ѝ припаѓале на принцезата Дијана и нараквица од кутијата за накит на кралицата Елизабета.

 

 

Инаку, принцезата Дијана ја носеше таа дијадема на свадбата со принцот Чарлс во 1981 година, но се вели дека е толку тешка што ѝ било болно да ја носи долго време, а ѝ предизвикала и главоболки. И покрај тоа, подоцна стана една од нејзините омилени. Откако Дијана почина во 1997 година, „Љубовниот јазол“ беше вратен во колекцијата на кралицата Елизабета. Потоа беше отстранет првиот ред бисери од дијадемата.

Вредноста на сите дијадеми во сопственост на британското кралско семејство денес се проценува на десетици милиони долари.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО