17.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Кејт Буш на врвот на топ-листите во Британија

НАЈЧИТАНО

Кејт Буш го обезбеди првото место на британската официјална музичка топ-листа, со враќањето на песната „Running Up That Hill“ од нејзиниот петти студиски албум „Hounds of Love“ (1985), благодарение на научно-фантастичната драма на Нетфликс – „Почудни нешта“ (Stranger Things).

Песната стигна до број 3 во првото свое издание, но со новата ТВ-серија си најде нови обожаватели меѓу помладите генерации. Уште повеќе, „парчето“ одлично се претставува и на музичките топ-листи во повеќе земји, вклучително и во САД.

Кејт Буш стана позната во 1978 година со својата деби-песна „Wuthering Heights“. Потоа, на 19-годишна возраст, таа ги освои фановите со својот уникатен глас и експресивните танцови движења. Таа со ентузијазам ја коментираше новата популарност на песната и рече дека е обожавателка на научно-фантастичната драма создадена од браќата Мет и Рос Дафер.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО