27.9 C
Ohrid
Tuesday, August 16, 2022

Келис ја обвини дека ѝ го украла „милкшејкот“

НАЈЧИТАНО

Бијонсе го отстрани стихот за „Милкшејк“ од својата нова песна „Energy“ (Енергија), откако Келис ја нападна поп-ѕвездата поради својот хит „Milkshake“ од 2003 година, обвинувајќи ја, не за плагијат, туку за кражба.

И покрај тоа што доби одлични критики за новиот диско-денс албум „Renaissance“, Бијонсе имаше и низа измени на песните – по објавувањето.

– Ова не е соработка, тоа е кражба… Ништо никогаш не е како што изгледа, некои од луѓето во овој бизнис немаат душа, ни интегритет и сите ги имаат измамено – напиша Келис на својот интернет-простор.

Контроверзноста меѓу двете ар-ен-би изведувачки почна неколку часа пред официјалното објавување на албумот, кога Келис на Инстаграм остро ја изрази својата фрустрација што нејзината песна се користела на таков начин, а како што вели, не ѝ била дадена никаква заслуга и не ѝ побарале никаква дозвола за тоа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО