21.5 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

„Квин“ најави необјавена песна од Фреди Меркјури

НАЈЧИТАНО

Необјавена песна на рок-групата „Квин“, што на крајот од животот ја отпеал пејачот Фреди Меркјури (1946-1991), може да биде објавена во септември оваа година, соопштија членовите на бендот, Брајан Меј и Роџер Тејлор за Би-Би-Си.

– Најдовме мал „бисер“ – оставина од Фреди на која малку бевме подзаборавиле – рече Тејлор. Песната е одлична. Тоа е вистинско откритие, од 1989 година и мислам дека ќе излезе во септември, додаде тапанарот на бендот.

Меј од своја страна објасни како е откриена и дека се плашелe oти песната со работен наслов „Face It Alone“ во еден миг била изгубена, но на крајот ја нашле и решиле да ја објават.

– Ни се чинеше, никој не знаеше каде е… Иако ја имавме наоколу. Ја баравме повеќепати и веќе мислевме дека не може да се најде, изјави гитаристот на бендот, оценувајќи ја прекрасна и трогателна – вели музичарот.

Бендот има издадено 15 студиски албуми, и речиси 100 милиони примероци продадени ширум светот. Последниот студиски албум на „Квин“ беше објавен во 1995 година, четири години по смртта на Меркјури, кој почина од СИДА.

И покрај смртта на вокалистот и заминувањето на басистот Џон Дикон, „Квин“ сѐ уште активно настапува со обновена постава. Во групата времено се менуваат Британецот Пол Роџерс и Американецот Адам Ламберт.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО