15.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Касемиро потпиша за Јунајтед

НАЈЧИТАНО

Манчестер Јунајтед каде ќе ја продолжи кариерата по успешните години поминати во Реал Мадрид.

Претходно овој петок трансферот го најави самиот тренер на Реал, Карло Анчелоти, а сега тоа го потврди и Манчестер Јунајтед кој на стартот од новата сезона е на последното место во англиската Премиер лига.

Според многу извори, трансферот е вреден 60 милиони евра плус 10 милиони кои мадридскиот клуб треба да ги добие преку бонуси.

Во Реал, Касемиро беше еден од најважните играчи и учествуваше во сите големи успеси на тој клуб во последните години. Вкупно, овој играч од средниот ред одигра 336 натпревари за Реал, а постигна 31 гол со 29 асистенции.

Касемиро е играч на Реал од 2013 година, со тоа што една сезона мина на позајмица во Порто. Претходно настапуваше за Сао Паоло, а за репрезентацијата на Бразил има 63 настапи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО