23.1 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Картонски полицајци ќе не плашат на автопат!

НАЈЧИТАНО

Секторот за внатрешни работи Тетово денеска стартуваше со пилот-активност, чија цел е превентивно да се влијае за поголем сообраќаен ред и безбедност на патиштата на подрачјето кое ингерентно го покрива, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Станува збор за мобилна макета на полицаец со радар, која неколку часа беше поставена на надвозникот за тетовско Камењане, а која според првично сондираните сознанија и искуство, позитивно се одрази врз брзината со која се движеа возилата во насока кон Гостивар и обратно. Инаку, планирано е да се обезбедат уште неколку вакви мобилни картонски макети, кои би биле ставени во функција, особено во текот на летните месеци, кога вообичаено се зголемува вкупната сообраќајна фреквенција на поширокото тетовско подрачје. Макетите, како што веќе споменавме, се мобилни и тие ќе се преместуваат и на регионалните и локалните патишта“, се вели во објавата на Фејсбук.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО