23.9 C
Ohrid
Monday, May 23, 2022

Карневалот во Рио де Жанеиро заврши

НАЈЧИТАНО

Карневалот во Рио де Жанеиро, Бразил, заврши по десет дена игри, музика и паради.Светски познатиот карневал започна на 22 април годинава, откако две години не се организираше поради воведените мерки за сузбивање на ширењето на коронавирусот.

Шарени и весели поворки традиционално се одржуваат на улиците на бразилскиот град Рио де Жанеиро од 1929 година.

Иако беше најавен за последната недела во февруари, популарниот карневал во Рио е одложен за крајот на април поради влошената епидемиолошка состојба во екот на пандемијата на Ковид-19 во Бразил.

Се очекува карневалот да донесе олеснување за економските сектори погодени од пандемијата, како што е хотелската индустрија, која очекуваше зафатеност од околу 85 проценти во текот на викендот, според Здружението на хотелска индустрија во Рио.

Се проценува дека 75.000 луѓе присуствувале на различни настани за време на карневалот секоја вечер. Единствен услов беше задолжителното носење маски на некои настани, како и потврда за вакцинација.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО