2.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Кардашијан се загрижени за новата невеста на Канје

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Ненадејниот брак на раперот Канје Вест, кој моментално се претставува како Је, го изненади и загрижи кланот Кардашијан.

Семејството на поранешната сопруга на раперот Ким Кардашијан е загрижено каква улога би имала новата невеста во животот на четирите деца кои ги делат ријалити ѕвездата и влијателниот музичар.

„Семејството сè уште не го сфаќа како свадба“, изјави неименуван извор за Page Six, додавајќи: „Тие не се сигурни дали тоа е трик за публицитет. Тие чекаат да видат дали навистина ќе ги поднесе документите за брак. Тие се нервозни бидејќи ако ова беше вистина, таа ќе беше присутна во животот на децата“.

Минатата недела интернетот беше преплавен со вести дека 45-годишниот рапер се оженил со 27-годишната Бјанка Ценсори, дизајнерка во неговата компанија Yeezy, на интимна церемонија во Беверли Хилс, Калифорнија.

Ким не може да ја поднесе новата љубов на раперот. „Ја мрази, има лошо мислење за неа. Оваа жена правеше работи за да изгледа како Ким“, изјави неименуван извор за Page Six за расправијата меѓу поранешната сопруга на музичарот и сегашната сопруга.

„Заедничкото родителство со него е веќе кошмар, тоа само би ја влошило врската“, вели изворот.

Ким Кардашијан јавно проговори и за заедничкото родителство. „Еден ден моите деца ќе ми се заблагодарат што не зборував лошо за нивниот татко кога можев. Ќе ми се заблагодарат, а јас ќе одговорам на сите нивни прашања лице в лице“.

Ким Кардашијан и Вест раскинаа во февруари 2021 година, разводот стана официјален во ноември минатата година. Двојката има четири деца: деветгодишната Норт, седумгодишниот Сент, петгодишниот Чикаго и тригодишниот Псалм.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

(ЕКСКЛУЗИВНО) Држи ли ЈО Охрид во Притвор невино лице за да се задоволи б’лгарската мегаломанија???

Христијан Пендик(ов), лице за еднократна употреба во б’лгарската мегаломанија, стана една од најозборуваните личности која служи за поткусурување на големобугарските аспирации кон Македонија. Но, што...

Покојниот крал на попот ќе го игра неговиот внук Џафар Џексон

Американскиот режисер Антоан Фуква го пронајде главниот актер за неговиот планиран филм за животот на поп ѕвездата Мајкл Џексон. Главната улога во филмот Мајкл...

Затворениците во САД ќе можат да си ја скратат казната со донирање органи

Затворениците во американската сојузна држава Масачусетс ќе можат да ги намалат затворските казни за најмалку два месеци доколку донираат коскена срж или органи. Доколку законот...
spot_img
spot_img
spot_img