17.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Кардашијан го уништила култниот фустан на Мерилин Монро

НАЈЧИТАНО

Корисниците на Твитер ја обвинија Ким Кардашијан (41) дека го уништила култниот фустан на Мерилин Монро, што го носеше оваа година на Мет Гала. Тие објавија фотографија пред и по носењето и ја забележаа штетата.

 

 

– Иконскиот фустан на Мерлин Монро наводно е оштетен откако го носеше Ким Кардашијан на Мет Гала. На фустанот сега се гледаат траги од кинење, а на него или недостасуваат или висат неколку кристали – напишале во објавата.

– Да, шокантно, кој би очекувал да се случи тоа – се согласиле другите и додале фотографија на која Ким го облекува фустанот и се гледа дека не се вклопува во него.

 

 

– На крајот на денот, не е виновна Ким, туку нејзиниот тим. Ако не ѝстоеше или не беше квалитетен за носење, зошто го направија тоа – ја бранела една твитерџика.

Имало и такви на кои не им било јасно зошто на луѓето толку многу се заморуваат околу обичен фустан.

– Сите се преправаат дека се лути, но до неодамна не знаеја дека фустанот постои – пишувало во коментарот.

– Да беше тоа нормален фустан, да, но тој фустан вреди околу 5 милиони долари – му одговориле твитерџиите и порачале во што е, всушност, проблемот.

Да потсетиме, Ким шокираше многумина појавувајќи се на црвениот тепих во познатиот фустан на Мерилин Монро што го носеше покојната холивудска дива пред 60 години додека му ја пееше „Happy Birthday“ на тогашниот американски претседател Џон Ф. Кенеди.

Таа признала и дека ослабела седум килограми за три недели за да се вклопи во историски фустан, а освен твитерџиите, ниту дизајнерите не беа воодушевени што го облекла фустанот на Мерилин.

– Таа можеше да нарача реплика која ни најмалку немаше да се разликува од оригиналот. Ваков култен дел од американската историја воопшто не требаше да биде изложен на ризик од оштетување само поради јакнењето на сопственото его и фотографирање – изјавила Џастин Де Јанг, професорка на Модно-технолошкиот институт во Њујорк.

 

 

 

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО