9.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Капетан Горан Устијановски се јави, навистина се јави за претепувањето, ама молчи како претепувал и демнел жени низ Охрид! Премиер Ковачевски си молчи???

НАЈЧИТАНО

Пред 15 часови Капетанот на капетанија на пристаништа на РСМ Горан Устијаноски, преку неговиот Фејсбук профил, испратил порака до јавноста, каде ништо не кажува, туку се занимава со медиумот кој обзнанил за неговото претепување. Ок, секој има право да се пери пред јавноста, но до одредена граница на пристојност, но еве и зошто:

1.Редакцијата Охридскај каде јас сум главен и одговорен уредник, објави за претепувањето на Капетан Горан Устијаноски, во моменти кога имаше молк за настанот и од него и од СВР Охрид! Зошто, тие нека се произнесат!

2.Капетан на капетанија на пристаништа на РСМ претставува голема функција, односот на лицето кое ја претставува капетанијата, а патем и самата држава, мора да биде на високо морално и професионално ниво. Настанот во полиција е пријавен од страна на лекар од ИМП Охрид, што претставува негова законска работна обврска.

3.До вчера 30-08-2022 година, вие Капетан Горан Устијаноски немате дадено официјална пријава и исказ пред полициски службеници на СВР Охрид, а ниту имате доставено комплетна медицинска документација за видот на повреди кои сте ги здобиле во немилиот настан, кој патем јас и го осудувам.

4.За немилиот насатан како редакција дознавме инсајдерски од наш полициски извор, како и за целата ваша комуникација со висок полициски старешина од СВР Охрид. Доколку ние како редакција не обзнаневме за вашето претепување, истото ќе останеше далеку од очите на јавноста, исто како и еден друг немил настан, во кој вие сте директен прекршител, за што има и Пресуда од основен суд Охрид, чинам дека беше за физичко насилство врз жена, или можеби сакате да ја објавиме и таа пресуда и целиот настан, за кој патем премолчивме?! Еве ви давам збор дека во тек на утрешниот ден истата ќе биде објавена, за атар на оној „детски леб“ како што милуваш да плачеш во твојата објава, кој како деца сме го јаделе по дворови, а јас едно 20 години повозрасен од тебе, треба да ги трпам твоите испади затоа што ти си ми бил некаков си Капетан????…

5.Твоите изјави се -Ми се јавија телефонски, незнам кој, слегов пред зграда на улица и ме нападнаа, а не знам кој се….!!!?? Нели мислиш дека малку е дебилно еден Капетан на капетанија, да се јави на непознат број, па да слезе пред зграда на улица да се сретне со непознати типчиња, па истите тие да го претепаат??? Нели малку премногу мислиш дека ова е мала акциона комедија од „Лакочерејски жанр“???

6.Дали ти капетане на капетанија имаш малку доблест да ја објавиш пресудата со извесна дама од Охрид, кој ја демнеше и претепуваше и за која имаш пресуда да не смееш да се доближиш на 100 метри од неа и нејзината фамилија, или капетански ке глумиш лудило????…..

Горане Устијаноски, воопшто не те окривувам тебе, криви се овие силни премиери и министри за транспорт кој ги трпат твоите глупости со години, зошто самата позиција те направи лош човек, а ти тужи, само гледај да не пропуштиш рокови согласно Закон за клевета и навреда, ќе ми биде чест да се видиме во судските клупи и да се дознае по кој знае кој пат вистината, руба краси, руба гнаси Горанче.

Сашо Денесовски-Лично

Прилог Фејсбук статус на Горан Устијаноски

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО