23.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Канамат Боташев, пензиониран генерал на руските воздухопловни сили, загина откако неговиот авион беше соборен во воздушниот простор на Украина

НАЈЧИТАНО

Канамат Боташев, пензиониран генерал на руските воздухопловни сили, загина откако неговиот авион беше соборен во воздушниот простор на Украина, тврди Би-Би-Си Русија. Информацијата која се рашири по социјалните мрежи уште не е потврдена од западните медиуми. „Боташев е највисоко рангираниот пилот убиен во Украина“, пишува Киев Индепендент на Твитер споделувајќи ја оваа гласина.

Генералштабот на Украина соопшти дека рускиот борбен авион „Сухој“ бил соборен над Луганската област и пилотот не успеал да се катапултира од авионот.

Да потсетиме, ова е моментално петтиот голем руски генерал кој го загуби животот од почетокот на војната во Украина на 24 февруари. Прво беше убиен високиот руски генерал Андреј Суховецки (47), потоа  генералот Виталиј Герасимов беше убиен  во близина на Харков, следен од генерал-мајор Андреј Колесников од 29-та комбинирана армија и на крајот заменик-командантот на 8-та армија, генерал-мајор Владимир Петрович Фролов.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО