16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Камчев како Охриѓанец, казната најверојатно ќе ја издржува во Струга

НАЈЧИТАНО

Бизнисменот Орце Камчев едногодишната затворска казна за случајот „Империја“ најверојатно нема да ја издржува во Скопје, туку во Казнено-поправниот дом во Струга, кој е полуотворен тип.

Камчев пред пет дена го известил скопскиот Кривичен суд дека ја променил адресата на живеење во Охрид. Тоа го сторил и неговиот бизнис партнер Ненад Јосифовиќ.

„Судот ги изврши сите неопходни увиди за да ја потврди доставената информација, а по констатирање дека осудените лица во текот на постапката извршиле промена на адресата, Кривичниот суд, согласно член 7 став 2 од Законот за извршување санкции, според кој надлежен суд за извршување на санкцијата е судот според местото на живеење, денеска го достави предметот на понатамошно надлежно постапување на Основниот суд во Охрид“, потврди Основен кривичен суд Скопје.

Камчев и Јосифовиќ постигнаа спогодба за случајот „Империја“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО