7.9 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Кампањата „Биди срцевина, биди херој“ ќе биде дел од Авицена женска трка в недела

НАЈЧИТАНО

Жените, членки од експертските тимови што ја вршат трансплантацијата на коскена срцевина со поддршка од г-ѓа Елизабета Ѓеоргиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски, ќе трчаат на јубилејната 10-та Авицена женска трка, во недела, на 10 април.

Жените кои ќе бидат дел од оваа трка имаат за цел да го свртат вниманието на јавноста и да ја подигнат свеста за хуманост за промовирање на солидарноста и зголемување на бројот на дарители во националниот дарителски регистар.

За време на настанот, во рамките на кампањата „Биди срцевина, биди херој“, организирана од Универзитетската клиника за хематологија и Институтот за имунобиологија и хумана генетика, а поддржана од Министерството за здравство, ќе биде отворен пункт каде што сите граѓани на возраст од 18 до 50 години кои се во добра здравствена состојба ќе можат да станат дел од Националниот регистар на доброволни дарители на коскена срцевина, а со тоа да спасат и човечки живот.
Сите што сакаат да бидат дел од регистарот, треба да одвојат само 5 минути од своето време и да донираат 5 мл крв. Со зголемувањето на бројот на доброволни дарители во Дарителскиот регистар за коскена срцевина се зголемуваат и шансите за пронаоѓање соодветен дарител за пациентите за кои единствен спас е трансплантацијата на матични клетки. Заинтересираните граѓани истовремено ќе можат и подетално да се информираат за тоа како и кој може да стане дарител, како и за значењeто на трансплантациите како можност за лекување.

Пунктот ќе биде лоциран на стартот на трката, од 08:30 часот до 10 часот, на паркингот во вториoт дел од Градски парк-Скопје, кај Памп трек-стазата.

Трката е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, јубилејната 10-та Авицена женска трка, која е единствената масовна и не само спортска, манифестација во Скопје, посветена исклучиво на жените.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО