1.4 C
Ohrid
Saturday, January 28, 2023

Калашников постигна најголемо производство на оружје во последните 20 години

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Руската одбранбена компанија „Калашников“ објави дека во 2022 година постигнала највисоко производство на оружје во последните 20 години.Во соопштението се наведува дека минатата година компанијата го зголемила производството на оружје за 40 отсто во однос на 2021 година.

Се наведува дека „Калашников“ лани исполнил 45 производни нарачки за државата, а реализирани се и 25 нарачки во областа на воено-техничката соработка.

Во соопштението беше посочено дека ова се најголемите нарачки што се реализирани во историјата на компанијата, а се наведува дека производството на оружје достигна највисоко ниво во последните 20 години.

Калашников (Калаш), познат и како АК-47, е автоматска јуришна пушка што ја користеле повеќето армии од Источниот блок по Втората светска војна.

Таа пушка е дизајнирана во 1947 година од Михаил Калашников, како прва вистинска автоматска јуришна пушка во светот. За разлика од повеќето автоматски пушки од Втората светска војна, АК-47 беше компактна и лесна пушка, која имаше добар дострел, робусно оружје со способност за контрола на оган (автоматско, полуавтоматско и единечно).

Калашников и денес е во широка употреба, па е на врвот на светот по бројот на произведени парчиња.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Околу 2700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите

Околу 2.700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3.000 денари, овие студенти во иднина...

Ковачевски упати честитки за празникот Свети Сава

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски вечерва имаше обраќање на свечената академија, која се одржа по повод одбележувањето на Св. Сава...

Зборовите на европратеник одекнаа во медиумите

Според сознанијата на Н1, европарламентарците им кажале на своите колеги во српскиот парламент што може да се случи доколку Србија не биде конструктивна во...
spot_img
spot_img
spot_img