14.3 C
Ohrid
Friday, October 7, 2022

Како се живее на еден од најизолираните острови на светот?

НАЈЧИТАНО

Овој мал вулкански остров се наоѓа, слободно може да се каже, на крајот на светот, оддалечен 2000 километри од најблискиот населен остров и речиси 2500 километри од копното на Јужна Африка. Тристан да Куња е остров во јужниот дел на Атлантскиот Океан. Островот е тешко пристапен, главно ридски, а на единствената рамнина, на северозападниот брег, се наоѓа главниот град Единбург или „Единбург на седумте мориња“.

Збирот на мали вулкански острови бил откриен во 1506 година од португалскиот морнар Тристао да Куња и именуван по него. Во 17 век тие биле истражени од Холанѓаните, но до 19 век и доаѓањето на американскиот китоловец никој не покажал голем интерес за островите. Тројца Американци се обиделе да основаат колонијална и трговска станица на островот. Планот пропаднал откако двајца од нив загинале во несреќа при риболов.

Првиот вистински жител на островот бил американскиот истражувач Џонатан Ламберт, кој пристигнал во 1810 година и се прогласил за негов владетел. Но, неговата „империја“ не траела долго, бидејќи две години подоцна загинал во бродолом. Во 1816 година, Британците го окупирале островот од страв дека Французите би можеле да го искористат и да му помогнат на Наполеон, заробен на островот Св. Елена, оддалечен околу 2000 км. Популацијата тогаш процвета, китоловците развија трговија, а Тристан да Куња почна да личи на вистинска цивилизација.

Но, животот на овој далечен остров не бил секогаш лесен, населението се менувало, а во еден момент на островот живееле само четири семејства. Со падот на ловот и индустријата за време на американската граѓанска војна, изолацијата почна да остава свој белег. Проблеми доаѓале и од морнарите кои намерно ги заглавиле своите бродови на брегот за да можат да земат пари за осигурувањето, а стаорците што излегувале од бродовите дополнително го уништиле земјоделството и дивината.

Во 1867 година, синот на кралицата Викторија, принцот Алфред, војводата од Единбург, ги посетил островите и ги преименувал во Единбург на седумте мориња, давајќи му ново име кое повеќето локални жители никогаш не го прифатиле. А не го прифатиле ни поразот. Својата издржливост и отпор ја покажале со усовршување на ловечко-собирачките вештини и на тој начин се труделе да го надоместат недостигот од трговија и земјоделство.

Изолацијата на островот го достигнала врвот за време на Првата светска војна, а потоа било споменато дека на островот не пристигнало ниту едно писмо во последните десет години. Овој остров немал контакт со надворешниот свет до 1919 година кога конечно ја добиле веста за крајот на војната. За време на војната, жителите на Тристан да Куња не знаеле многу за тоа што се случува, иако островот го користела американската морнарица за следење на нацистичките подморници. Денес на него живеат 267 луѓе и имаат болница и продавница. Нема аеродром на островот, нема ни списанија ни телевизија. Има мало рибарско пристаниште. Островот има училиште, болница, пошта, музеј, кафуле, паб и базен.

Кога младите ќе наполнат 16 години, тие лесно можат да го продолжат своето образование во Велика Британија. Најголем дел од приходите доаѓаат од продажба на поштенски марки. Јастозите ги извезуваат во Јапонија и во САД.

Тие сѐ уште се без струја, но уживаат во мирот и спокојството. 70 островски семејства се фармери кои делат заедничка земја, пасишта за крави. Непредвидливоста на морето сѐ уште е причина за неможноста да се примаат редовни пратки, па работите мора да се нарачаат еден месец однапред. Немаат грижи, а стравуваат само од заканувачкиот активен вулкан над градот. Последната ерупција на островот се случила во 1961 година и тогаш сите жители биле евакуирани. Повеќето од нив се вратиле по две години кога биле информирани дека областа е безбедна. А всушност, ја потврдиле онаа стара и малку изменета поговорка која вели, човекот не е остров, но тоа не значи дека животот на остров не е подобар.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО