20.9 C
Ohrid
Thursday, August 11, 2022

Како да се ослободите од бактеријата која го зголемува ризикот од рак на желудник?

НАЈЧИТАНО

Хеликобактер пилори (H. pylori) е бактерија што живее на ѕидовите на желудникот кај дури 70% од светската популација. Оваа бактерија можете да ја имате дури и без да знаете дека е таму бидејќи во многу случаи не создава никакви проблеми.

Но, кога ќе предизвика инфекција, тогаш се јавуваат симптоми како подригнување, надуеност, лош здив и дијареја.

Бидејќи го зголемува ризикот од рак на желудник за дури 6 пати, и може да доведе до чиреви во хранопроводот или тенкото црево, многу е важно да се открие и да се отстрани навреме.

H. pylori лесно се пренесува – може да се добие преку прибор и средства за хигиена што ги користи заразено лице.

Можете исто така да го добиете со консумирање на контаминирана храна и вода или преку домашни миленици.

Симптоми кои можат да укажуваат на H. pylori:

надуеност

подригнување

гадење

стомачна непријатност

повраќање

замор и киселини

дијареја

лош здив

анемија

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabay

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО