8.9 C
Ohrid
Wednesday, October 5, 2022

Кадиров одби дополнителна мобилизација во Чеченија

НАЈЧИТАНО

Верниот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, Рамзан Кадиров вели дека во Чеченија нема да има мобилизација.

– Тој план во Чеченската Република е исполнет за 254 проценти. Такви резултатите се постигнати со претходно формирани нови единици на Министерството за одбрана на Русија. Сите кандидати за служба поминаа во Воениот комесаријат. Тој механизам го разработивме од самиот почеток и пред објавата за делумна мобилизација – вели Кадиров во гостувањето на една телевизија.

Во војната во Украина, како што вели, досега заминале 20.000 Чеченци, а истакнува и дека Чеченија веќе ги исполнија сите планови.

– Освен тоа, Чеченија има резерви од повеќе илјади доброволци, па ако биде потребно, ќе може да влезат во редовите на бранителите – вели Кадиров.

Еден ден откако започна специјалната операција на Русија во Украина, како што ја нарекува рускиот претседател Владимир Путин, во медиумите се појавија видео снимки на кои може да се види Кадиров како говори пред илјадници добро вооружени војници од Чеченија кои се подготвуваа да заминат и да се приклучат на руската армија.

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО