17.1 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

И Хрватска бара изземање од ембаргото на руската нафта

НАЈЧИТАНО

Хрватска се залага за изземање од ембаргото на руската нафта според кое и после тековната година би можела за потребите на рафинеријата во Ријека да го увезува дериватот Vacuum Gas Oil (ВГО) за производство на дизел гориво, пренесува загрепски „Вечерњи лист“.

Во дискусиите меѓу земјите-членки на Советот на ЕУ за усвојување на предлогот на Европската комисија за шестмесечно ембарго на увоз на руска нафта и на руски нафтени производи до крајот на годината, Хрватска се залага за ослободување што би продолжило и наредната година.

„Вечерњни лист“ се повикува на неофицијални извори според кои рафинеријата во Ријека би можела да увезува ВГО.

ВГО е сировина неопходна за производство на дизел, а рафинеријата на нафтената индустрија (ИНА) е оптимизирана за нејзина употреба во производниот процес. Изворите за набавка на ВГО на пазарот се прилично ограничени, па ИНА бара натамошно купување на тој дериват, го пренесува весникот соопштението од Управата на ИНА.

Дебатата во Советот на ЕУ почна во средата кога Европската комисија го предложи шестиот пакет санкции против Русија, со ембаргото за нафта како клучен дел од пакетот, продолжи вчера, а веројатно ќе се расправа и утре бидејќи нема индиции за консензус.

Најголема пречка е Унгарија која тврди дека нема да се согласи со предлогот на Комисијата со кој на таа земја, како и на Словачка, би им се оставила можност да купуваат руска нафта до крајот на 2023 година, подолго од другите земји-членки.

Во средата Унгарците побарале трајно изземање, додека Словаците, наводно, барале изземање до 2025 година. Чешка и Бугарија сигнализирале дека ќе бидат среќни да бидат изземени од ембаргото барем до 2023 година.

Според неофицијални информации на кои се повикува „Вечерњи лист“’, Грција не е среќна бидејќи Комисијата во предлогот за нови санкции предвидува и забрана за транспорт и осигурување на транспортот на руската нафта во светот. Таквата одредба влијае на грчките и другите европски бродски компании. Замислата според која се води Еврокомисијата е да ги спречи Русите на лесен начин само да ја пренасочат нафтата наместо кон ЕУ кон други купувачи во светот.

Преговорите за конечната одлука за ембаргото на руската нафта на крајот може да биде донесена во форма што отстапува од предлогот на Комисијата. Засега нема индиции дали барањето на Хрватска е ќе наиде на плодна почва или не, пишува „Вечерњи лист“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО