2.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Исчезнале речиси 20 отсто од децата мигранти без придружба од Албанија, кои оваа година биле преземени од Советот на округот Кент

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Исчезнале речиси 20 отсто од децата мигранти без придружба од Албанија, кои оваа година биле преземени од Советот на округот Кент, јави Топ чанел повикувајќи се на Би-би-си.

„До 31 октомври, британските локални власти прифатиле 197 албански деца, од кои на 39 им се губи секаква трага“, наведува англискиот медиумски гигант.

Советот објавил дека тесно соработува со Министерството за внатрешни работи и со полицијата за заштита на малолетниците, додавајќи дека некои од децата за кои станува збор можно е да имаат наполнето 18 години.

Податоците на британската Влада покажуваат дека во периодот јануари-октомври повеќе од 44.000 лица го преминале Ла Манш со мали чамци, во споредба со 28.400 кои пристигнале на британска почва минатата година. Од вкупниот број, повеќе од 12.000 се албански државјани.

„Ваквиот прилив придонесе за пренатрупаност во прифатниот центар Манстон во Кент, кој во еден момент имаше повеќе од двојно поголем број од капацитетот, со околу 4.000 лица. За Советот на округот Кент, исчезнувањето на 39 албански деца под нивна грижа треба да биде крајно загрижувачко“, се наведува во написот на Би-би-си.

Фото: Unsplash

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Вархеји ќе се сретне со претставници на македонските Бугари

Комесарот за добрососедство и проширување на Европската Унија Оливер Вархеји ќе се сретне со претставници на македонските Бугари – објави БГНЕС. Средбата ќе се одржи...

Сурово мачеле и убиле двегодишно момче кога имале по 10 години

Пред околу 30 години, на 12 февруари 1993 година, Џејмс Булгер (2) беше брутално убиен во Бутл во близина на Ливерпул, Англија. Две 10-годишни...

Спасовски му ветил на бугарскиот колега дека в сабота нема да има инциденти

Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Бугарија, Оливер Спасовски и Иван Демерџиев денеска од Скопје порачаа дека нема да се дозволи никаков...
spot_img
spot_img
spot_img