2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Истражување: Повеќе од половина од Русите имаат мал интерес за настаните во Украина

НАЈЧИТАНО

Според најновото истражување објавено од рускиот центар Левада, 52 отсто од руските граѓани ги следат настаните во Украина со мал или никаков интерес.

Имено, интересот на граѓаните за оваа тема, од ноември лани до февруари годинава е зголемен за само девет отсто.

Истражувањето покажало и дека 60 отсто од учесниците ги сметаат САД и членките на НАТО за одговорни за ескалацијата на ситуацијата во источна Украина, наведува Левада.ру.

Исто така, 33 отсто од учесниците во истражувањето сметаат дека ДНР и ЛНР треба да станат независни држави, а 25 отсто сметаат дека сепаратистичките републики треба да станат дел од Русија.

Истражувањето е направено во периодот од 17 до 21 февруари, додека инвазијата на Украина започна на 24 февруари.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО