7.6 C
Ohrid
Wednesday, October 5, 2022

Истражувачите за недостатоците на теоријата за поделба на мозокот на креативни и логички страни

НАЈЧИТАНО

Човечкиот мозок бара помалку енергија од светилките, но може да направи неверојатни работи, велат експертите.Мозокот ги делегира задачите на две хемисфери, десната и левата. Постои општа перцепција дека десната страна на мозокот е креативна, додека левата е повеќе математичка, и дали е тоа навистина така?

Многумина претпоставуваат дека едната страна е подоминантна кај секој од нас. Денес имаме пристап до голем број оптички илузии и тестови на личноста за да ги идентификуваме силните и слабите страни кои би можеле да укажат на доминантната хемисфера на една личност.

Роџер Спери, познат невролог, беше пионер на теоријата за поделениот мозок. Неговата работа произлезе од операции на пациенти со неподнослива епилепсија. Корпус калозум (corpus callosum) е сегмент од мозокот кој ги поврзува двете хемисфери, кај тие пациенти е отстранет и специјализацијата на секоја страна стана поочигледна.

Спери ја доби Нобеловата награда за неговото откритие.

Денес, постои некаква ограда од тој став и постепено се напушта идејата за ваква строга поделба на мозокот на креативна и математичка страна.

Истражувачите тврдат дека мозокот се потпира на придонесите од двете страни на мозокот за креативни напори, како што е уметноста, и пресметковни напори, како што е математиката.

„Математиката е креативен потфат, освен што е логична. Исто така, уметничката креативност не е само нескротлива емоција“, пишува Britannica.

Иако е контроверзна, старата теорија на поделба може да биде корисна за самоанализа и идентификација.

Човечкиот мозок е најкомплицираниот орган во најкомплексниот познат организам. Иако некои особини може да се поизразени кај различни луѓе, оптимално е да се биде во рамнотежа со логичната и креативната страна на мозокот, пишува The New York Post.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО