8.4 C
Ohrid
Tuesday, December 6, 2022

Историчарите апелираат да не се манипулира со минатото

НАЈЧИТАНО

Историчарите од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Македонија, Словенија и од Србија, потписнички на декларацијата: Одбрани ја историјата, го осудија фалсификувањето на историјата, нејзината злоупотреба и употребата на селективни историски аргументи за оправдување на воената политика и агресијата против суверената и меѓународно призната држава Украина, јави дописникот на МИА од Белград.

Злоупотребата на историјата за политички цели доведе пред неколку децении до трагични војни во поранешна Југославија, па затоа предупредуваме на опасноста од манипулирање со минатото за поттикнување омраза, на војна, дехуманизација на непријателите и оправдување на воените злосторства, се наведува во прогласот на историчари од регионот.

Се порачува дека историјата е слободна и автономна научна дисциплина која служи за истражување и разбирање на процесите од минатото. Историјата не смее да служи за легитимирање на нечии посебни национални аспирации и територијални претензии, посочуваат историчарите.

-Застануваме во одбрана на нашата дисциплина! Бараме од сите политичари, како во нашите земји, така и од релевантните политичари на меѓународната сцена, да водат одговорна политика на сеќавање и предавање историја, да престанат да го злоупотребуваат минатото и да не се потпираат на историчари, интелектуалци и интересни групи кои ги поттикнуваат националистичките страсти и шират говор на омраза за остварување на сопствени интереси – се вели во прогласот.

Регионалните историчари додаваат дека го креваат својот глас во одбрана на својата професија и непреченото право на живот и афирмација на сите индивидуални и колективни идентитети, а во овој момент особено на украинскиот идентитет и слободата на граѓаните на Украина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО