18.2 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Испливаа детали за врската помеѓу Здравко Чолиќ и Дорис Драговиќ

НАЈЧИТАНО

На почетокот на осумдесеттите години, една огнена црна жена ја запали локалната музичка сцена. Пејачката Дорис Драговиќ, тогашна членка на групата „Море“, никого не оставала рамнодушен, особено по 1986 година, кога заплови во соло водите.

За нејзиниот живот, особено за емотивниот, се плетале различни приказни, кои таа никогаш не ги негирала. Згора на тоа, изгледало како тие и да ја забавуваат. Прашината стивнала кога во 1990 година се омажила за ватепролистот Марио Будимир, со кого сѐ уште е во среќен брак.

 

Во средината на осумдесетте години на минатиот век се зборувало дека „имала нешто“ со уште една голема ѕвезда на овие простори, Здравко Чолиќ. Тој важеше за неуморен заводник, го поврзувале за секоја жена што поминувала покрај него.

А, кога темпераментната сплиќанка се појавила во спотот за неговата песна „Ти можеш сѐ, но едно не“, некои го ставиле прстот на чело.

Дорис и Здравко дури и на снимањето на хитот „За милион години“, стоеле еден покрај друг, што ги разгорело гласините.

Многу години подоцна, Здраво Чолиќ објаснил за што, всушност, се работело.

„Тоа беше емисијата „Ти си ми во крвта“, која ја снимавме во Делиблатската пештера и во Нови Сад. Неодамна се сретавме на загрепската телевизија, а Дорис на шега рече: „Јас сум Рушка, се сеќаваш?“

Имено, таа беше Рушка во истоимениот спот. Тогаш пеееше во сплитската група „Море“. Таа беше многу згодна, малку флертувавме, ми беше слатко. Жал ми е што се изгуби најголемиот дел од тој материјал“, изјавил своевремено легендарниот пејач за „Вечерње новости“.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО