18.2 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Исламската држава сè уште е опасна

НАЈЧИТАНО

Неколку затвореници, припадници на терористичката група Исламска држава (ИД) побегнаа од градскиот затвор во Рака, Сирија, кој е под контрола на Курдите. Ова денеска го објави ТВ Ал Хадат од Дубаи.

Меѓу избеганите затвореници се наоѓа и еден од водачите на групата, како и двајца негови помошници.

Борците на курдските демократски сириски сили ја блокираа областа околу затворот од сите страни и ги пребаруваат станбените области во потрага по затворениците кои избегаа.

На 20 јануари, приврзаниците на ИД се побунија во затворот Ес-Синаа на периферијата на Хасеке, каде што беа задржани повеќе од 3.500 затвореници, вклучително и платеници кои се бореле од  редовите на терориститете. Ним им помогнаа борците кои влегоа во градот и активираа два автомобил-бомби пред влезот на затворот за да го олеснат бегството на затворениците. Курдските сили спроведоа воена операција поддржана од американски беспилотни летала за да го задушат бунтот. Притоа 370 терористи се убиени.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО