15.9 C
Ohrid
Friday, May 20, 2022

ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уживаат најголема доверба кај граѓаните во моментов

НАЈЧИТАНО

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уживаат најголема доверба кај граѓаните во моментов, покажува истражувањето на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) објавено денеска.

Доколку следната недела се одржат парламентарни избори за СДСМ би гласале 16,2%, за ВМРО-ДПМНЕ 21,2%, за ДУИ 7,2%, за Левица 2,9%. За ниедна партија се одлучиле 17,3% од испитаниците, а 12,8% не знаеле за кого би гласале.


Премиерот Димитар Ковачевски има 8,7% доверба, Мицкоски 16,2%, а 32% се одлучиле никому да не дадат доверба.

На прашањето дали Владата предводена од СДСМ треба да остане на власт до 2024 година или се потребни предвремени парламентарни избори 39,1% од испитаниците одговориле дека се потребни избори, 32,5 одговориле СДСМ да остане на власт, а 28,4% немале одговор.

Истражувањето е спроведено по телефон во периодот помеѓу 4 и 6 мај 2022 на 1111 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО