18.2 C
Ohrid
Friday, July 1, 2022

Инфлацијата се искачи на 7 отсто

НАЈЧИТАНО

Федералните резерви на САД ја зголемија краткорочната референтна каматна стапка за 0,75 отсто, во обид да го запрат растот на инфлацијата и прогнозираа побавна економија и зголемување на невработеноста во наредните месеци. Тоа е најголемото зголемување на каматните стапки за американската централна банка од 1994 година, а одлуката е донесена откако неодамнешните податоци покажаа дека не е постигнат голем напредок во борбата против постојаната инфлација.

Претставниците на Централната банка, исто така, навестија дека ќе ги зголемат каматните стапки уште побрзо, со што ќе ја усогласат монетарната политика со брзата промена во проценките на финансиските пазари за тоа што ќе биде потребно за да се стават цените под контрола.

„Инфлацијата продолжува да расте, како одраз на нерамнотежата на понудата и побарувачката поврзана со пандемијата, повисоките цени на енергијата и општите ценовни притисоци“, соопшти Федералната комисија за отворен пазар, тело за креирање политики на Централната банка.

Комисијата е цврсто решена да ја врати инфлацијата на посакуваното ниво од 2 отсто.

Потрошувачките цени во САД се зголемени за 7 отсто, највисоко ниво од 1982 година.

Во соопштението се наведува војната во Украина и политиката на карантин на Кина како извори на дополнителни инфлациски притисоци. Со тој потег, федералните краткорочни каматни стапки беа зголемени на 1,50 до 1,75 отсто. Надлежните предвидуваат дека каматните стапки ќе се зголемат на 3,4 и 3,8 отсто до крајот на годината во 2023 година, што е значителна промена во однос на проекциите од март дека стапката ќе се зголеми на 1,9 отсто годинава.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО