20.9 C
Ohrid
Sunday, October 2, 2022

Интервју на Ковачевски за Ал Џезеира

НАЈЧИТАНО

Отворен Балкан на ниту еден начин не е замена за европските интеграции туку е иницијатива за поврзување на регионот, за поедноставно и полесно комуницирање меѓу граѓаните, полесно одвивање на трговијата и поголема комуникација како меѓу институциите така и меѓу компаниите со цел да се унапреди животот во државите во овој регион, потенцираше премиерот Димитар Ковачевски во интервју за регионалната ТВ мрежа Ал Џезеира.

– Процесот што го спроведуваме со Отворен Балкан претставува подготовка на регионот за што побрза интеграција на ЕУ и ја има поддршката и од Брисел и од Вашингтон – дополнува во интервјуто Ковачевски.

Ковачевски во интервјуто истакна дека иницијативата е отворена за сите држави кои сакаат да се приклучат и дека на самитот Отворен Балкан во Охрид е забележан нагласениот интерес на Црна Гора и Босна и Херцеговина за иницијативата, што беше потврдено и со големиот број компании кои дојдоа во Охрид и кои ги препознаваат придобивките од слободното движење на луѓе, стоки, капитал и услуги во регионот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО