16.1 C
Ohrid
Saturday, August 13, 2022

Има 103.237 самечки домаќинства

НАЈЧИТАНО

Во земјава има вкупно 538.348 семејства, од кои 62 проценти живеат во урбана, а 38 проценти во рурална средина. Според семејниот состав, најмногу, 43 проценти од нив се брачни парови со најмалку едно дете под 25 години што живее со нив, додека 31 процент се брачни парови без деца, покажува четвртиот сет податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика.

Над 26.000 семејства или 4,9 проценти од семејствата се сама мајка со најмалку едно дете под 25 години, а над 9.000 семејства или 1,7 проценти се сам татко со најмалку едно дете под 25 години.

Над десет проценти или околу 58.000 семејства се брачни парови со најмладо дете на 25 години или постаро што живеe со нив.

Вкупниот бројот на индивидуалните домаќинства изнесува 598.632, а просечниот број на членови во домаќинствата изнесува 3,1.

Според бројот на членови во индивидуалните домаќинства, 468.336 лица или 25,5 проценти живеат во четиричлени домаќинства, додека бројот на лица во самечки домаќинства изнесува 103.237 или 5,6 проценти.

Бројот на населените станови во земјава, според податоците од Пописот 2021 изнесува 531.987 или 63,4 проценти од вкупниот број на станови.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО