20.9 C
Ohrid
Tuesday, May 17, 2022

Има само 21 година, а му се заканува доживотен затвор

НАЈЧИТАНО

Вадим Шисимарин, 21-годишен руски командант на тенковската дивизија на Кантемировскаја, е првиот руски војник кому му се суди за воени злосторства, пишува Гардијан. Тој е обвинет за убиство на цивили на 28 февруари за време на борбите во регионот Суми во североисточна Украина.

Според обвинението, Шисимарин пукал во автомобил во селото Чупахивка, откако неговиот конвој со воени возила бил нападнат од украинските сили. Тој потоа со автомобилот се обидувал да им побегне на украинските борци, заедно со уште четворица војници.

 

 

Шисимарин, кој се наоѓа во украински притвор, е обвинет дека пукал во глава на невооружен маж (62) додека возел велосипед и зборувал на телефон преку отворен прозорец на автомобилот, откако му било наредено „да убие цивил за да не да им го пријави на украинските бранители“.

 

Злосторството, како што се наведува, се случило на „десетина метри“ од куќата на жртвата и е извршено со пушка АК-74.

– Обвинителите и истражителите на Службата за безбедност на Украина (СБУ) собраа доволно докази за неговата вмешаност во кршење на законите и обичаите на војната во комбинација со убиство со умисла. За овие дејствија му се заканува казна затвор од 10 до 15 години или доживотен затвор – изјави пред почетокот портпаролот на обвинителството.

Во Украина за неколку дена ќе почнат рочиштата уште за два други случаи, вклучувајќи го и судењето во отсуство на Михаил Романов, руски војник обвинет за силување и убиство. Тој е обвинет дека во март провалил во куќа во село во областа Бровари во близина на Киев, убивајќи маж, а потоа неколку пати силувал жена додека им се заканувал на неа и на нејзиното малолетно дете со насилство и со оружје.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО