1.8 C
Ohrid
Saturday, January 28, 2023

Има ли заболени од свински грип? Петличковски не ја исклучува можноста, но не стравува од пандемија

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

По групните прослави на новогодишните и на божикните празници, расте бројот на настинати, на заразени со коронавирусот, спорадично се присутни стомачниот вирус, грипот, а најверојатно и свинскиот грип.

Во вчерашното гостување во Топ Тема на телевизија Телма, кардиохирургот Жан Митрев откри дека во клиниката „Филип Втори“ последните два дена има пациенти кои се болни од свински грип и кои се во многу тешка состојба, па затоа морале да ја применат методата хемофилтрација.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски за Плусинфо вели дека и покрај бројните секвенционирање на примероците од заболените со грип, засега не е детектиран случај на заболен со свински грип, но не ја исклучува можноста дека има и такви пациенти.

– Имаме секвенционирање и анализи на циркулирачките варијанти. Според податоците, најголем дел од случите на инфлуенца што се тестирани се од Х3 варијанта, која не е свински грип. Има еден случај регистриран на А/Н1, но не е од видот А/Х1 Н1 кој го имавме пред повеќе години. Сега, нема некаква разлика дали е свински, затоа што во моментов можат повеќе варијанти да циркулираат паралелно. Поради тоа не се исклучува можноста да циркулира и некоја од варијантите која во 2009 година предизвика свински грип – ни одговори Петличковски.

Тој додава дека во моментов не треба да очекуваме пандемија од свински грип, бидејќи од последните податоци на Институтот за јавно здравје преовладува инфлуенцата Х3 и само еден случај на Х1, која најверојатно е свински грип. Овие две варијанти секоја година циркулираат во една популација.

– Имаме систем кој се нарекува САРИ и кој ги следи тешките случаи на заболени во шест клиники, пет во Скопје и една во Прилеп. Тука се вклучени Инфективната клиника, „8 Септември“, Институт за белодробни заболувања кај децата, Клиниката за педијатрија и Клиниката за пулмологија, од каде што се земаат брисови кај тешките случаи со респираторни болести, при што се одредува за кој вирус, како и кој подвид станува збор – вели претседателот на Комисијата.

Петличковски вели дека на почетокот на следната недела најдоцна до среда ќе треба да се одржи состанок на Комисијата за заразни болести при што ќе бидат разгледани сите податоци кои ги имаат за грипот и за ковид-19 и ќе се одлучи кои мерки ќе бидат предложени.

Најопасен за децата

И повеќето педијатри во земјава предупредуваат дека овој грип кој циркулира во моментов е најопасен кај децата, не толку за возрасните. Чекалните се преполни во ординациите кај матичните лекари, но и во болницата во Козле. Од Козле уште пред неколку дена објавија дека дневно во просек кај нив се вршат по 170 прегледи, а речиси 70 дечиња се задржани на болничко лекување, од кои 20 се на кислородна поддршка.

Возрасната структура од 30 до 70 години е нападната, додека симптомите се – главоболка, дијареја, треска, кашлица… Според лекарите, секој втор заболен има некаква респираторна инфекција, додека лекувањето може да трае до две недели.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, во текот на 52-ра недела од 2022 година (26.12.2022-01.01.2023) во земјава се пријавени 347 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, 96,0% повеќе во споредба со претходната недела.

– Во текот на 52-рата извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 257 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и за ковид-19. Притоа, детектирани се 30 (11,7%) позитивни случаи, од кои 28 се инфлуенца A/H3 и регистриран е по еден случај А/Н1 и А несубтипизиран. Oд примероците, 4 се тестирани за респираторен синцицијален вирус, и сите се негативни – информираа од ИЈЗ.

Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип.

Во однос на возрасната дистрибуција, 184 лица се на возраст од 15-64 години, 96 се деца на возраст од 5-14 години, 38 се деца на возраст од 5-14 години и 29 се лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Близок соработник на Путин тврди дека исчезнатата јахта Ирина ВУ не е негова

Канцеларијата за односи со јавноста на Алишера Усманов во петокот извести дека Усманов не е сопственик на јахтата Ирина ВУ, која е под меѓународни...

Почина наградуваниот босански актер Саша Петровиќ, глумеше во „Луд, збунет, нормален“, „Аудиција“, „Ничија земја“…

Актерот Александар Саша Петровиќ почина на 62-годишна возраст, а режисерот Срѓан Вулетиќ ја соопшти тажната вест.На 62-годишна возраст почина актерот Александар Саша Петровиќ од...

Околу 2700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите

Околу 2.700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3.000 денари, овие студенти во иднина...
spot_img
spot_img
spot_img