20.9 C
Ohrid
Sunday, October 2, 2022

Имате изгореници? Не ги правете овие две работи ни случајно!

НАЈЧИТАНО

Најдобар совет за да се заштитите од штетното влијание на сонцето е да се држите подалеку од сонце без да нанесувате доволно крема за заштита од сонце, но доколку веќе сте заработиле изгореници, еве како можете да го олесните.

Можете да ја смирите кожата со ладен туш или со ставање влажна крпа на изгореното место. После тоа, се препорачува изгорениот дел да се намачка со крем од алое вера. Исто така, се советува да пиете многу вода за да спречите дехидрација, да земате лекови против болки како парацетамол или ибупрофен ако имате болка и да избегнувате изложување на сонце додека кожата целосно не заздрави.

Избегнете го ова
Изгорениците од сонце што ги лекувате дома ќе исчезнат за околу седум дена, но ако имате отечена кожа, висока температура, главоболка и чувствувате вртоглавица и мачнина, треба да посетите лекар или да се јавите на 911.

И има уште две работи кои дефинитивно треба да ги избегнувате бидејќи тие можат да направат повеќе штета отколку добро – ставање вазелин на изгореницата и ставање мраз врз него. Според експертите, вазелинот не делува како навлажнувач, како што многумина мислат, туку создава бариера на кожата, заробувајќи топлина и пот и предизвикувајќи непријатно чувство. Може да доведе дури и до инфекција, пишува порталот Живим.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО