20.9 C
Ohrid
Thursday, August 11, 2022

Имаме скоро 30.000 магистри и над 6.000 доктори на науки

НАЈЧИТАНО

Над 95 проценти од резидентното население на возраст од над 15 години во државата се писмени, додека 1,2 проценти или 18.897 се неписмени. Поголемиот дел од писменото население се жени, но и над две третини од тие што се неписмени.

Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика.

Од вкупно резидентно население на возраст од 15+ години, 1.461.295 се писмени – од кои 721.734 се мажи и 739.561 се жени.

Неписмени се 18.897 од кои 5.517 се мажи и 13.380 се жени.

Од вкупно 1.525.366 резидентно население на возраст од над 15 години за 45.174 нема податоци.

Според највисокиот степен на школска подготовка, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, регистрирани се: 23.192 лица или 1.5 отсто без образование, 62.129 лица или 4.1 отсто се со незавршено основно образование, 423.456 лица или 27,8 отсто се со основно образование, 672.375 лица или 44,1 отсто се со средно образование, 263.349 лица или 17,3 отсто се со високо образование, 29.654 лица или 1,9 отсто се со магистратура, 6.037 лица или 0,4 отсто се со докторат, а 45.174 лица или 3,0 отсто се со непозната школска подготовка.

Во вкупното резидентното население на возраст од пет години и повеќе, кои се во процесот на формалното (редовно) образование: 186.570 лица или 10,7 отсто посетуваат основното образование, 80.378 лица или 4,6 отсто се во средното образование, додека 93.804 лица или 5,4 отсто се во високото образование, на магистратура и на докторски студии.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО